Јапонската економија го забележа првиот пад за една година

Јапонската економија го забележа својот прв пад за една година во третиот квартал, бидејќи неповолните временски услови, зголемените трошоци за живот и поскапиот увоз на енергија доведоа до намалување на потрошувачката на домаќинствата и слабеење на надворешната трговија, според податоците објавени денес од јапонската влада.

Реалниот бруто домашен производ (БДП) на Јапонија се намали за 0,1 процент на годишно ниво во периодот јули-септември, во споредба со претходните три месеци, додека економистите очекуваа раст од 0,2 проценти, според „Блумберг“.

Потрошувачката на домаќинствата, која претставува најголема компонента на БДП, се намали за 0,3 проценти.