Рено отвора 2.000 нови работни места во производството до 2028 година

Францускиот производител на автомобили „Рено“ во понеделник објави дека планира да создаде 2.000 работни места до 2028 година, претежно во производството.

Менаџментот им го претстави на синдикатите проектот „rance Industrie FutuREady“, кој има за цел да ги трансформира индустриските активности со цел да одговори на растечкиот предизвик што кинеските производители на автомобили го претставуваат за европските производители на возила.

Реорганизацијата ќе вклучува создавање на 2.000 нови работни места во текот на две години, главно за таканаречените „работници со сина јака“, објави Тиери Шарвет, раководител на одделот за квалитет, производство и синџир на снабдување.

Рено, според „Еуроњуз“, има околу 15.000 индустриски работни места во Франција.

Според овој план, во фабриките ќе бидат вработени 1.650 оператори и производствени работници, заедно со 250 од нив на индиректни позиции и 100 „јуниори“.

Рено, исто така, објави 1.000 доброволни отпуштања меѓу работниците со бела јака на индиректни и административни улоги, како дел од програма за која сè уште треба да се преговара со синдикатите.

Одредени работни места што се сметаат за стратешки ќе бидат заштитени, вклучувајќи ги и оние во инженерството на батерии, електрониката и софтверот, електричните погонски склопови и индустриското одржување.