Колку чини животот во ноември: Синдикалната кошница 70.827 денари, со изнајмен стан надминува 86.200 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, што е зголемување за 469 денари во споредба со октомври, кога изнесувала 70.358 денари.

Дополнително, за семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства достигнуваат 86.202 денари.

Најголем дел од семејниот буџет и овој месец оди за храна и пијалаци, за кои се потребни 25.902 денари, односно 36,6 проценти од вкупната кошница.

Според структурата на синдикалната минимална кошница, за останатите потреби се предвидени:

Облека и обувки – 6.684 денари.
Станарина, вода, електрична енергија и греење – 6.379 денари.
Лична хигиена и одржување на хигиената во домот – 2.704 денари.
Здравје – 1.201 денар.
Транспорт – 5.105 денари.
Комуникации – 3.677 денари.
Рекреација и култура – 6.592 денари.
Образование – 7.192 денари.
Ресторани и хотели – 4.291 денар.
Останати стоки и услуги – 1.100 денари.

Кај домаќинствата кои изнајмуваат стан од 60 квадратни метри, трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење достигнуваат 21.754 денари.

Со оваа дополнителна ставка, вкупната синдикална минимална кошница за ноември изнесува 86.202 денари.

Податоците покажуваат дека семејствата и овој месец се соочуваат со повисоки минимални трошоци за живот, особено оние кои немаат сопствен дом и плаќаат месечна кирија.