Франција и Германија предложија кандидати за раководството на Европската централна банка

Франција и Германија  предложија кандидати за две слободни позиции во Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), со што е завршен политички договор што би можел да го одреди раководството на таа институција во наредните години, пишува бриселскиот „Политико“.

Германија го номинираше професорот од Универзитетот Принстон, Маркус Брунермаер, за позицијата главен економист на ЕЦБ, која ќе биде слободна на 31 мај, по истекот на осумгодишниот мандат на сегашниот главен економист, Ирецот Филип Лејн.

Франција ја номинираше Лоренс Бан, поранешна министерка за европски прашања и политички сојузник на претседателот Емануел Макрон, која моментално го раководи секторот за корпоративно и инвестициско банкарство во банката „Сантандер“.