Европска комисија: ЕУ е подготвена за зима, складиштата за гас се полни за 70 проценти

Европската Унија е подготвена за претстојната зима, а капацитетот за складирање на гас моментално е околу 70 проценти, што претставува важна резерва за задоволување на потрошувачката во текот на грејната сезона, објави Европската комисија по состанокот на Групата за координација на гас.

И покрај неповолните ценовни услови и континуираната геополитичка неизвесност, експерти од земјите-членки на ЕУ, Европската комисија и претставници на релевантни здруженија потврдија дека европскиот гасен систем е подготвен за зима, се наведува во соопштението на Комисијата.

На состанокот се дискутираше за состојбата со снабдувањето со гас, што претставува важен механизам за одржување на стабилно снабдување во текот на грејната сезона.