Љубљана прогласена за европска престолнина на туризмот за 2027 година

Европската комисија ги прогласи Љубљана и шпанската општина Калвија на Мајорка за европски престолнини на туризмот за 2027 година, наградувајќи ги нивните резултати во развојот на одржлив, иновативен и целогодишен туризам.

Љубљана ја освои наградата во категоријата градови со повеќе од 100.000 жители, благодарение на резултатите во областа на одржлив, дигитален, културен и достапен туризам, објавува Дело.

Европското жири особено го истакна начинот на кој словенечката престолнина собира и користи податоци за посетителите со цел да се подобри управувањето со туристичките дестинации, да се поттикне иновацијата и да се овозможи порамномерен развој на туризмот во текот на целата година.

Фото: Бизнис Инфо