Франција продаде 1% од уделот во Airbus Group

35

Airbus GroupФранција продаде 1% од уделите во европскиот концерн Airbus Group и со тоа оствари приход од 451 милиони евра. Со продажбата на 1%, францускиот удел е намален на 11%, со што се изедначи со оној на Германија, јавува Ројтерс.

Францускиот министер за економија Пјер Московици ја објави продажбата вчера вечерта и додаде дека со продажбата, уделот на Франција се спушти на ниво на Германија, согласно билатералниот договор.

Франција почна да продава државни удели во претпријатијата за да го намали големиот јавен долг. Минатата година со продажба на удели собра 2,4 милијарди евра.