Кампањата на Johnnie Walker потсетник за човечката ранливост

44

johnnie-walker-glass-car-

Johnnie Walker преку автомобил направен од стаклени чаши ја рефлектира човечката ранливост во ситуации кога зад воланот седнува пијан возач.

“Филмот треба да биде потсетник на фрагилноста на човечкиот живот. Ова е еден бренд на алкохол кој направи исчекор во поглед на своите одговорности. Сакам да верувам дека успеавме да ја пренесеме пораката”, вели Грант Хантер, креативен директор во агенцијата Iris Worldwide.

На крајот на видеото се појавува Мика Хакинен, амбасадор на брендот, кој е спонзор на McLaren Formula 1 тимот.

За да се направи моделот 2013 McLaren MP4-28, потребни биле 1.750 чаши. За симулацијата на ударот е користен Houdini софтвер.