Business Insider одби понуда за преземање од 100 милиони долари

50

biПопуларниот бизнис портал Business Insider одби понуда за преземање во висина од 100 милиони долари. Американски AOL, во чиј состав се наоѓаат TechCrunch и Huffington Post, им понудил на основачите на Business Insider дури 100 милиони долари, меѓутоа тие ја одбиле понудата затоа што барале износ близу до 200 милиони долари, пишува Re/code.

Business Insider е основан во 2007. Во него се инвестирани 18 милиони долари, а меѓу инвеститорите се и основачот на Amazon, Џеф Безос и основачот на Netscape, Марк Андресен.

Според некои извори, минатата година Business Insider имал околу 20 милиони долари приход, а по читаност се рангира пред Financial Times и Bloomberg, но зад The Wall Street Journal.