Google инвестира во вештачка интелигенција

50

Internet Market Considers MIcrosoft Bid for YahooГигантот Google го купи британскиот стартап DeepMind, кој се занимава со истражување и развој во областа на вештачката интелигенција. Цената на оваа трансакција не е објавена, но според пишувањето на медиумите, изнесува околу 500 милиони долари.

Основачи на DeepMind се Демис Хасабис (37), дизајнер на компјутерски игрици и шахист, кој ги истражува механизмите на функционирање на човечката меморија, Шејн Лег и Мустафа Сулејман.

Според Financial Tmes, DeepMind, чие седиште е во Лондон, досега нема објавено ниту еден производ и за оваа компанија малку се знае, но стана најголемата аквизиција на Google во Европа.