Adria Airways и Air Serbia потпишаа код – шер договор

Air SerbiaAir Serbia потпиша код-шер договор со словенечкиот авиопревозник Adria Airways, кој стапува на сила на 17 февруари. Според договорот, српскиот национален авиопревозник ќе има ексклузивно право на летовите на линијата Белград – Љубљана.

Генералниот директор на Air Serbia, Дане Кондиќ, изјави дека овој облик на соработка ќе ги зајакне постоечките добри односи меѓу двете компании.

“Покрај воведувањето на Љубљана како нова дестинација, оваа соработка ќе донесе дополнителна корист за нашите патници, но и за економиите на Србија и Словенија”, вели Кондиќ, пренесува Танјуг.