ВИП со бројка од над 626.000 корисници

52

Од јануари до септември 2012, телекомуникацискиот оператор ВИП бележи пораст на бројот на корисници за 14,2 % во однос на минтата година, и сега има над 626.200 корисници.

Од компанијата соопштија дека со овие бројки ВИП ја зацврсти својата позиција на втор мобилен оператор на пазарот, притоа зголемувајќи го својот пазарен удел на 27,2%

Зголемениот број на корисници и сообраќај, заедно со приходите од интерконекцијата, ги зголемија приходите на ВИП за 13,6%, или до 44,7 милиони евра во однос на минатата година.

EBITDA (заработката пред камати, даноци, деприсијација и амортизација), се зголеми 8,5-кратно споредено со првите девет месеци од минатата година и изнесува 9,3 милиони евра. Овие бројки се резултат на повисоките приходи и фокусот врз контролата на трошоците.

„Исклучително сме задоволни од резултатите и силната изведба на ВИП. Резултатите се јасен доказ дека ВИП го задржува трендот на одржлив раст од квартал во квартал, нудејќи им повеќе на своите корисници. Горди сме на сработеното од страна на целиот тим и цврсто сме уверени дека задоволните корисници се клуч за нашиот успех. Ова го гледаме како потврда на нашата стратегија ВИП да им понуди секогаш повеќе на корисниците. Со цел да го поддржиме нашиот бизнис, да го подобриме квалитетот и да им понудиме иновативни решенија на нашите корисници, инвестиравме во нова мрежа. Очигледно е дека корисниците одлично ги прифаќаат нашите понуди и нашите напори за иновирање”, изјави Питер Цидек, gлавен финансиски директор на ВИП.

Во август 2012 ВИП ја лансираше својата нова 3Г ХСПА+ мрежа, инвестиција од околу 15 милиони евра.