Во ВВ Тиквеш годинава Смедеревката достигнува цена и до 12 денари

43

По минатонеделното воведување Бонус за лојаност, цената на сортата Смедеревка од годинашниот род во Винарската визба Тиквеш достигнува и до 12 денари за килограм. Цените според висината на шеќерните единици се објавени на капијата на винаријата.

Од четвртокот минатата недела во винаријата продолжи откупот на грозје според вообичаената динамика и досега се преземени предвидените количини грозје според оперативниот план. По краткотрајниот прекин на откупот во кој Тиквеш и лозарите беа доведени во непријатна позиција, компанијата одлучи во годинашната цена за сите сорти да вклучи посебен Бонус за лојалност, за и на тој начин да го покаже разбирањето кон лојалните лозари и волјата за развој на партнерството.

Винаријата објави дека годинава иницијално планира да откупи околу 20 милиони килограми грозје, но и повеќе, доколку се појават дополнителни количества.