Успешна фарма со PANTHEON Farm Accounting

57

niva

Фото: Pixabay

Од втората половина на минатата година компанијата Даталаб МК, регионален лидер за деловен софтвер, започна со понуда на решението PANTHEON Farm Accounting на македонскиот пазар. PANTHEON FA е наменет за земјоделски стопанства од секоја големина за водење и евиденција на сите податоци и целокупниот тек на активности и процеси на нивната фарма. Со ова решение Даталаб МК им овозможува на земјоделските стопанства многу брз и ажурен увид во успешноста на фармата преку детална евиденција на трошоците, залихите и приходите поврзани со нејзиното работење.

Животот на фарма е поврзан со задачи во шталата и со полето, а не со работа во канцеларија. Потребни ни се информации за бројот на добитокот и количество на вештачко ѓубриво, а не бројките на сметка. При изработувањето на PANTHEON FA, беа поставени некои поинакви барања. Мора да работи на мобилен телефон и да го имате (скоро) секогаш со себе. Mора да работи во области без сигнал. Доколку некое од животните е болно, го избираме и впишуваме неговиот регистарски број и програмата автоматски ќе изработи запис за одгледувањето. Податоците се внесуваат во прилагоден образец, а не во облик што беше претходно наменет за благајничкото работење. На овој начин решението беше изградено директно според потребите и навиките на фармерите, но и целосно интегриран и со деловното работење поврзано со фармата.

PANTHEON FA е наменет за сите типови на земјоделски стопанства кои се занимаваат со полјоделство, градинарство, сточарство, овоштарство и лозарство, додека во изработка се модули и за живинарство, пчеларство и одгледување коњи. Ретки се фармите, кои можат да опстојат без мешање на основните и дополнителните дејности, кои се следени со различни правни облици од претприемач до земјоделски задруги. PANTHEON FA го поддржува работењето на сите овие типови на земјоделски стопанства и се прилагодува на промените кои се случуваат во фармата. Решението до сега е добитник на Златен медал на земјоделскиот саем АГРА за 2013 година, како и на Европскиот Сребрен Печат за е-Excellence од ЕМФ за иновативни решенија. Тоа постојано се надоградува и подобрува во соработка со Федерацијата на Фармери на Република Македонија и соодветните државни институции на ниво на Македонија.

Едногодишната соработка помеѓу Даталаб МК и Македонски Телеком за понуда на најдобриот софтвер за деловно работење и сметководство во регионот преку најбезбедната интернет мрежа и дата центар сега веќе не го вклучува само PANTHEON Cloud, туку и решението PANTHEON FA. На овој начин е овозможена целосна поддршка и флексибилност во работењето на фармерите и земјоделските стопанства, како и пристап до агро податоците зависно нивните потреби без никаква иницијална инвестиција. Со опцијата за Cloud овозможен е пристап до решението од секаде и во секое време само со Интернет врска.

Цената за месечно користење на Pantheon FA Cloud вклучува месечно изнајмување на употреба на решението прилагодено на потребите и спецификите на клиентот, правно усогласување и вклучена надградба на софтверот во согласност со промените во законодавството, база на податоци со соодветен капацитет, како и сигурносни копии на податоците.

PANTHEON FA е дел од фамилијата на деловно програмската опрема PANTHEON, кој целокупно ги покрива сите аспекти на работењето и се меѓусебно интегрирани. Така доколку имате голема фарма, на вашата сметководствена служба одговара комбинација од PANTHEON FA и PANTHEON SE верзија на програмот за интегрирано работење. Ако пак вашата фарма е мала и имате самостоен сметководител, кој користи PANTHEON ME, податоците можете да ги разменувате преку интернет исто како да се наоѓаат во соседната канцеларија. Доколку документите ги скенирате тогаш немате потреба да ги носите или испраќате на сметководителот бидејќи двајцата имате пристап до дигиталната архива.

Повеќе информации за PANTHEON FA може да се најдат на  телефонскиот број 0800 88 881 или www.datalab.com.mk.