Поранешниот шеф на Федералните резерви на САД (FED), Бен Бернанке, во септември ќе дојде во Турција и ќе одржи ексклузивен говор за кој ќе добие 300.000 долари, пишува Хуријет.
Бернанке наводно ја прифатил поканата да одржи говор на FX светската конференција што ќе се одржи во Истанбул од 25 до 28 септември.
Вкупниот буџет на конференцијата, која ќе привлече голем број на учесници од соседните земји, се очекува да биде околу еден милион евра.
За својот прв јавен говор откако замина од FED, Бернанке на 4 март во Абу Даби добил најмалку 250.000 долари. Според Ројтерс, тој за својот говор од 40 минути заработил многу повеќе отколку што заработил минатата година како прв човек на FED. За цела 2013 година, Бернанке во FED заработил 199.700 долари.