Одморот се повеќе и повеќе станува луксуз во денешно време. Иако постојано сме поплавени од онлајн понуди за патувања, за волја на вистината, се помалку можеме да си дозволиме бегство од реалноста.
Кога зборуваме за луксуз мислиме на овие 10 светски градови – најскапите дестинации за одмор.
Сингапур
Просечна цена за едно ноќевање: 204 долари
Според истражувањето шведската компанија UBS Wealth Management Research, оваа јужно-азиска дестинација е моментално на 10-то место на листата на најскапи места во светот. Toa во голема мера се должи на јакнењето на сингапурскиот долар.
Торонто, Канада
Просечна цена за едно ноќевање: 133 долари
Вредноста на канадаскиот долар расте, а со тоа и цените. Торонто е одличен пример за тоа. Колку за споредба, во 2009 оваа метропола беше на 31 место, додека оваа година се најде на 9 место на Prices and Earnings листата за најскапи светски градови.
Хелсинки, Финска
Просечна цена за едно ноќевање: 163 долари
На осмото место на оваа листа се наоѓа главниот град на Финска, кој некако успеа да остане заобиколен од економската криза во Европа.
Сиднеј, Австралија
Просечна цена за едно ноќевање: 172 долари
Во 2009, Сиднеј беше 38 место на Prices and Earnings листата. Од тогаш градот се искачи на високото 7 место, што се должи на јакнењето на автралискиот долар.
Токио, Јапонија
Просечна цена за едно ноќевање: 163 долари
Сјајните светла на Токио одат под рака со цените. Исто како Сингапур, и Јапонија добро помина со кризата. Локалната кујна можеби не е скапа, но сместувањето во хотелите дебело надоместува за евтината храна.
Стокхолм, Шведска
Просечна цена за едно ноќевање: 190 долари
Силната економија на оваа земја ја искачи од 16 на 5 место на листата на најскапи градови во светот.
Копенхаген, Данска
Просечна цена за едно ноќевање: 174 долари
Старите антикварници, интимните ресторани и опуштените кафе барови просто ќе ве мамат да ги посетите. Вие ќе уживате, но не и вашиот паричник.
Женева, Швајцарија
Просечна цена за едно ноќевање: 268 долари
За разлика од еврото, швајцарскиот франк остана силен за време на рецесијата, со што Женева го истурка Копенхаген од 3 место на Prices and Earnings листата.
Цирих, Швајцарија
Просечна цена за едно ноќевање: 224 долари
Цирих топло ги пречекува добрите плати на Швајцарија, потиснувајќи ја Женева за многу малку во однос на скапотијата. Цените во овој град најмногу растат во лето, а напролет и наесен паѓаат, но незначително.
Осло, Норвешка
Порсечна цена за едно ноќевање: 169 долари
Осло е на првото место на листата на најскапи градови од 2006, и не станува збор само за скапи хотели. Според Њујорк Тајмс во 2009, едно шише вода чинело околу шест долари. Доколку се одлучите да го посетите најскапиот град, изберете ги јули или август кога повеќето жители се на одмор. Но, никако не се надевајте дека ќе поминете евтино.