Финансискиот советник, консултантската компанија КПМГ, вчера објави јавен повик за оние што се заинтересирани да купат 75,5% од акциите во компанијата која управува со аеродромот Јоже Пучник во Љубљана, пишува Дело.
Најмногу заинтересирани има од Европа, а меѓу нив се компании кои управуваат со аеродроми, пензиски и други фондови, како и групи финансиски инвеститори кои се занимаваат со санација на претпријатија и нивна понатамошна продажба.
Директорот на аеродромот Змаго Скобир очекува до продажба да дојде уште ова лето.