Компанијата Бамби од Пожаревац соопшти дека во иднина на сите свои производи ќе става ознака дека не содржат генетски модифицирани организми (ГМО).
“Имајќи ја во предвид се поголемата количина информации кои од разни страни стигаат од потрошувачите, а се однесуваат на генетски модифицираните супстанци во производите, одлучивме јасно да покажеме дека нашите производи не содржат ГМО”, соопштуваат од компанијата, пренесуваат српските медиуми.
Ова ќе биде првата прехранбена компанија во Србија која ќе стави ваква ознака на своите производи. Бамби работи во составот на Danube Foods група, чиј сопственик е инвестицискиот фонд Салфорд.