Во Хрватска се гради првиот ресорт за богати пензионери

54

SONY DSCВо непосредна близина на брегот и центарот на Цриквеница, наскоро ќе се отвори првиот хрватски ресорт за богати пензионери. Во луксузните услови ќе уживаат 120 станари кои ќе одлучат дали ќе купат или ќе изнајмат еден од апартманите.

Во ресортот ќе можат да престојуваат и пензионери од други земји, за кои би било идеално половина година да бидат дома, а половина во Хрватска, пишува хрватски Лидерпрес.