Белгискиот трговски ланец Delhaize потпиша договор со Тропик груп за продажба на своите 39 продавници во Босна и Херцеговина. Се очекува трансакцијата да биде завршена во третиот квартал, по одобрување на регулаторните тела, јавува Ројтерс.
Delhaize минатата година ги продаде своите продавници во Црна Гора и Албанија, а минатиот месец е постигнат договор да ја продаде својата мрежа во Бугарија на локалната компанија АП Март. Кон крајот на 2013 година, компанијата објави дека забележила неочекувани загуби на пазарите во Србија и Бугарија.
Во Србија Delhaize е присутен од 2011 година, откако го купи трговскиот ланец Делта Макси за 932,5 милиони евра.