Почна нафтената треска на Јадранот

32

Coast Guard Attempts Burning Off Oil Leaking From Sunken RigХрватското министерство за економија денес го отвори првиот јавен тендер за истражување и екслоатација на јаглеводород на Јадранот. Тендерот ќе биде отворен до 3 ноември, а првите договори со компаниите се очекуваат во март 2015 година, пренесуваат хрватските медиуми.

На прес конференцијата во Загреб, на која се обрати министерот за економија Иван Врдољак, присуствуваа претставници од околу 40 нафтени компании од целиот свет, како Exxon, Газпром, Лукоил, Тотал, ИНА, RWE, Edison, Turkish Petroleum, Hellenic Petroleum, Petroceltic, Hunt Oil, JP Nippon и други.
Со тенерот се одредени 29 полиња што се ќе даваат под концесија, од кои осум на северен и 21 на централен и јужен Јадран. Полињата се со површина од 1.000 до 1.600 километри квадратни.