Хрватите лани уплатиле 736 милиони евра во обложувалниците

39

hrХрватите лани во обложувалниците уплатиле 736 милиони евра, што е раст од 3% во однос на 2012 година, покажуваат податоците на Даночната управа, пишува Т-портал.

Гледано по глава на жител, минатата година секој граѓанин се обложил за 172 евра.

Во државниот буџет, во 2013 година обложувалниците уплатиле скоро 40 милиони евра, а граѓаните што имале добивки, буџетот го збогатиле за дополнителни 524.000 евра данок.

Во Хрватска право на приредување игри за обложување покрај Хрватска лотарија имаат уште седум приватни фирми.