Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали планира да го продаде мнозинскиот пакет од неговата модна куќа за 450 милиони евра, дознава Reuters.
Како најсериозен купувач на овој светски бренд е британската компанија Permira, која веќе е мнозински сопственик на германскиот Hugo Boss и британскиот Dr. Martins.
Оваа продажба ќе го означи крајот на 40-годишната традиција на Кавали во светот на високата мода, кој е препознатлив по животинските принтови, кожата, свилата и кадифето на неговите модели.
Договорот меѓу Permira и Кавали може да се постигне, како што пишува Reuters, во следните неколку недели. Седумдесет и тригодишниот дизајнер најверојатно ќе задржи меѓу 20% и 40% од акциите на неговата модна куќа.
Управувачката структура на компанијата на Кавали е на стаклени нозе по заминувањето на извршниот директор Џанлука Броцети и главниот оперативен директор Карло ди Биаџо во јануари оваа година.