Десет работи што не смеете да ги кажете пред колегите

50

zboruvanje-pixabay

Фото: Pixabay

Има некои работи кои подобро е да останат некажани на работното место. Ако сакате да си ја зачувате добрата репутација, внимавајте што и пред кого зборувате.

Интернет порталот Бизнис Инсајдер посочи десет работи кои не смеете да ги кажете пред колегите, како и неколку прашања кои треба да останат непрашани. Да видиме кои се тие.

1. Дали си трудна?

Доколку сакала да дознаете, колешката ќе ви кажела. Дури и да сте во право, ова прашање е сепак навредливо.

2. Ти не даде пари за подарокот на директорот

Не се сите обврзани да учествуваат во такви купувања. Повеќе би личело директорите да собираат пари за вработените.

3. Навистина си многу слаб/а. Зошто ништо не јадеш?

Да се коментира за физичкиот изглед на вработените е една од основните табу теми во канцеларијата. Затоа воздржете се од такви коментари.

4. Тоа не е дел од мојата работа

Оваа изјава може многу негативно да влијае на вашиот статус како вработен. Треба да покажете волја за работа, а не да делувате незаинтересирано. Тоа нема да им се допадне на претпоставените.

5. Новиот директор не ми се допаѓа

Дури и ако овие зборови никогаш не стигнат до директорот, не е убаво да ширите негативна енергија пред колегите. 

6. Слушнав дека се во врска

Штом ќе започнете да ширите вакви коментари, колегите веднаш ќе помислат дека не сте личност на која можат да и се доверат.

7. Колку рече дека имаш години?

Во вакви и слични ситуации треба да покажете почит кон личноста, а не да се чудите. Така ќе одадете впечаток на некултурна личност.

8. Немој ништо да ме прашуваш

Ако сте нерасположени или имате лош ден, пробајте тоа да го скриете и да се однесувате професионално.

9. Што си се дотерал/а така денес? Имаш некој разговор за работа?

Со ова прашање ќе ги ставите колегите во незгодна ситуација да ве лажат или да ви доверат тајна. Во секој случај не се обидувајте да дознаете премногу.

10. Колку сум мамурен/на

Можеби вам ви се чини симпатична ваквата изјава, но истата може да ви ја наруши репутацијата во канцеларијата. Не мора колегите да знаат за вашата пијана вечер.