Црна Гора: Ноќевање во Аман Свети Стефан до 3.850 евра

84

Aman Sveti StefanХотелот Аман Свети Стефан ќе биде отворен на 1 мај, а од јуни до октомври цените од соба за ноќ ќе бидат од 950 до 3.850 евра, пишува Побједа.

Како и претходните години, најголем број гости се очекуваат од САД, Велика Британија и Русија.

Аман Свети Стефан во понудата има 58 апартмани, 50 на островот и осум во вилата Милочер. Рестораните во хотелот ќе бидат отворени и за гостите што не се сместени во овој хотел, со претходна резервација.