Air Serbia со нови услови за транспорт на багажот

100

bagazСрпскиот национален авиопревозник Air Serbia од први мај ги прилагодува условите за транспорт со стандардите на европските авиопревозници. Наместо досегашниот концепт кој ја предвидуваше само тежината на багажот на летовите на Air Serbia, во иднина ќе се применува концептот по број на предаден багаж, соопштуваат од компанијата, пренесуваат српските медиуми.

Патниците на Air Serbia од 1 мај ќе можат во економската класа бесплатно да пренесат еден куфер со максимална тежина од 23 килограми, а во бизнис класата два со тежина до 32 килограми секој.

Како што се практикува во авиокомпаниите ширум светот, секој предаден багаж кој ја надминува дозволената тежина, број и димензии одредени со новите услови, ќе се наплаќа посебно.