Хотелите на Ибица воведуваат паметни алки наместо клучеви за собите

65

1

Palladium Hotel Group планира на Ибица да воведе VIB (Very Important Bracelet), паметни алки со што ќе им овозможи на гостите пристап до се од едно место. Во новиот Hard Rock Hotel Ibiza што ќе се отвори на 18 мај и Ushuaia Ibiza Beach Hotel, со паметните алки VIB, гостите нема да мораат да носат паричници, телефони и клучеви од собите. Гостите ќе можат да ги отвораат собите, ќе имаат пристап до разни места во хотелот, ќе можат да плаќаат за кој било производ со користење на пин код и да добијат ексклузивни попусти. Исто така гостите ќе можат да ги користат алките што се програмирани за клиентите да можат да споделуваат фотографии на Facebook и Twitter. Цената на паметните алки VIB изнесува 29 евра.