Познатата ќебапчилница Тима-Ирма од Мостар ќе ги лансира првите електронски ќебапи во светот, пренесува босански Atrakcija.info. Станува збор за атрактивен проект што ќе се реализира во повеќе сектори.
На социјалните мрежи и на паметните телефони ќе биде достапна апликација за електронски ќебапи. Тоа ќе им овозможи на корисниците пред да го посетат Мостар или пред да се одлучат во кој ресторан во Мостар да вечераат, виртуелно да ги “вкусат“ ќебапите на позната ќебапчилница, која се наоѓа во близина на Стариот мост во Мостар.
Сопственичката на ќебапчилницата, Ирма, вели дека преку е-ќебапите туристите ќе можат да ја почувствуваат традицијата и да уживаат во традиционалните специјалитети на ова поднебје.
“Ова е начин да се промовира нашиот туризам и на симпатичен начин да го рашириме гласот за Мостар и нашите традиционални специјалитети“, вели Ирма.
Целиот проект, како што изјави Ирма, наскоро ќе и биде претставен на јавноста.