Првиот вистински чекор на новиот пазар на гаџети, Apple може да го направи со слушалките со сензори што ќе можат да го мерат крвниот притисок и срцевиот ритам. Оваа информација се совпаѓа со претходните дека Apple подготвува серија гаџети на тема здравје и фитнес, вклучувајќи iWatch часовници и Healthbook апликација.
Споменатите слушалки би требало да користат Lightning порт, каков што користат iPhone и iPad, па затоа ќе бидат компатибилни со популарните Apple уреди.
Apple слушалките со сензори се очекува да бидат претставени во септември оваа година, заедно со новата верзија на iOS оперативниот систем, на кој се работи.
Оваа информација се претпоставува дека ја кажал поранешен вработен во Apple преку Secret апликацијата што до сега се покажа како многу добра, бидејќи не може да ги следите авторите кои ги објавуваат постовите.