Слушалките најчесто се користат за да се изолираме од околината. Но, во блиска иднина паметните слушалки Dash може да се користат за да се подобри светот, со тоа што ќе се обезбедат дополнителни информации за луѓето што ги запознавме и местата што ги посетуваме – без да гледаме.
Dash се слушалки од типот што се поставуваат во вашето уво и се првите слушалки кои влегуваат во категоријата на паметни уреди. Претставени се на Kickstarter и за само неколку дена го имаат поминато потребното минимално ниво на средства за започнување на производство, односно од минималните 260.000 долари за многу кратко време надминаа 3 милиони долари. Има и причина за големиот интерес за овие навидум обични слушалки.
Паметните слушалки на Dash користат Bluetooth за да се поврзат со вашиот мобилен телефон и немаат кабли коишто обично сметаат. Слушањето на музика покрај од мобилниот телефон може да се прави и од вградената меморија од 4GB. Служат и како Bluetooth сет за мобилниот телефон, па можно е користење на телефонот за повици преку вградениот микрофон кој го пренесува звукот во внатрешноста на вашето уво.
Покрај стандардната можност за слушање на музика и поврзување со телефонот, овие паметни слушалки го следат пулсот, заситеноста со кислород, потрошувачката на енергија (калории), брзината на чекорење, бројот на чекори, ритамот, како и поминатата далечина. Иако има можност да работи и независно и да ве информира преку звук, слушалките се поврзуваат со апликација на мобилен на која што може да се следат сите мерки што ги мерат сензорите. Контролирањето на звукот и следењето на активностите се прави преку допир на самите слушалки, кои за таа намена имаат вградено посебна површина на допир.
Најитересно е што направата сама по себе отвора нов потенцијал за следната генерација на уреди. Еден пример колку далеку може да се развие идејата за паметните слушалки на Dash е дека можат да даваат информации за познаникот што долго не сте го виделе и ќе ви помогнат да започнете разговор со таа личност.