ЕБРД заинтересирана за Телеком Србија и аеродромот Никола Тесла

35

telekom-srbije

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) е заинтересирана за приватизација на Телеком Србија и аеродромот Никола Тесла во Белград, пишува Танјуг.

Извршниот директор на ЕБРД за регионот Југоисточна Европа, Жан Марк Петершмит наведува дека евентуалната приватизација на Телеком Србија сосема сигурно би привлекла голем број на купувачи и дека во процесот би учествувала и ЕБРД.

ЕБРД преку кредитни линии во Србија вложила преку 3,5 милијарди евра во изминатите 10 години, што е најмногу во споредба со земјите во регионот. Челните луѓе на банката најавија зголемување на инвестициите во земјите од ЈИЕ, а приоритет ќе биде зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, подобрување на условите за работа, финансискиот сектор и инвестиции во енергетика и инфраструктура.