Освен Deutsche Telekom, за Телеком Словеније заинтересирани и турски Turkcell и руски MTS

45

telekom slovenije

Повеќе стратешки партнери се пријавиле на повикот на словенечкиот државен фонд СОД да искажат интерес за приватизација на Телеком Словеније. Освен Deutsche Telekom, меѓу заинтересираните се и турски Turkcell и руски MTS, како и повеќе финансиски фондови. Рокот за искажување интерес истече кон крајот на минатиот месец, а СОД наскоро ќе започне да ги собира необврзувачките понуди на заинтересираните, пишува словенечки Финанце.

На продажба е ставен пакет од 4,75 милиони акции или 72,75% од вкупниот број на акции на Телеком Словеније кои се во сопственост на државата, Капиталска дружба (КАД) и осигурителните куќи Триглав и Позаваровалница Сава. Моменталната цена за акција на Љубљанската берза е нешто преку 140 евра, а при преземањето би можела да стигне меѓу 150 и 180 евра, па државата за својот удел би можела да добие околу 900 милиони евра.

Телеком Словеније би можел новиот сопственик да го добие уште во рана есен, пишува Финанце.