Samsung вети дека ќе им исплати компензација на поранешните вработени болни од рак

47

sams

Samsung Electronics Co., најголемиот произведувач на мемориски чипови во Азија, вети дека ќе им исплати компензација на вработените кои тврдат дека добиле рак откако работеле во фабриките за производство на полупроводници.

„Некои од вработените што работат во компанијата се болни од тешки болести, меѓу кои е леукемија и некои од нив веќе починаа. Ќе им овозможиме соодветна компензација на болните и на нивните фамилии“, се вели во соопштението на потпретседателот Квон О – Хјун, пишува Bloomberg.

Некои од семејствата велат дека десетици поранешни работици во фабриките на Samsung во Јужна Кореја биле изложени на хемикалија што предизвикува леукемија и други видови на рак на крвта. Тие исто така бараат компензација и од владиниот осигурителен фонд.

Samsung вели дека ќе помогне да формираат трета страна за да посредува по прашањето и дека ќе постапува во согласност со тие наоди.

Во 2011 година, Samsung изјави дека истрагата што ја спроведе Environ International Corp, по нарачка на компанијата, не пронајде поврзаност помеѓу чиповите и леукемијата.