Низ социјалните мрежи во Србија се шират скандалозни информации за тоа како можат трговците да ги искористат поплавите и да ги зголемат цените за неверојатни 100%, пишува српски Pressonline.
Во Ваљево цената на гумените чизми од 1.700 српски динари (15 евра), скокнала на 3.200 динари (27 евра). Во Лозница балон вода наместо за 60 динари (0,52 евра), се продава за 160 динари (1,4 евра).
“И додека пријателските земји се трудат да и помогнат на Србија, има и такви кои останале имуни на туѓата мака и користат секаква прилика да заработат“, пишува Pressonline.
Последниве неколку денови, Србија, Босна и Херцеговина и делови од Хрватска се зафатени од поројни дождови и предизвикаа поплави, кои однесоа и неколку човечки жртви.