Хрватската компанија Атлантик група, во мнозинска сопственост на Емил Тедески, започна со изградба на нова фабрика за производство на енергетски плочки во индустриската зона Нова Градишка, Хрватска.
Станува збор за проект со вкупна вредност од 15,8 милиони евра, кој во првата година од производството ќе отвори 50, а на крај 160 нови работни места. Првите производи од новите линии на пазарот се очекуваат на почетокот на 2015 година, пишува Вечерњи лист.
Атлантик група е водечки европски произведувач на спортска и активна исхрана под брендот Multipower. Најголем дел од асортиманот го произведува во сопствени погони во околината на Хамбург (Германија) и Рогашка Слатина (Словенија).