Хрватскиот произведувач на вино, алкохолни и безалкохолни пијалоци, Бадел 1862, извести вчера дека добил пет индикативни понуди од потенцијални инвеститори од земјата и странство, во првиот круг на собирање на понуди за стратешко поврзување и докапитализација на компанијата во постапка на претстечајна спогодба, пишуваат хрватските медиуми.
Бадел на 24 април објави јавен повик за собирање на понуди за стратешко поврзување и докапитализација во рамките на постапката на предстечајната спогодба.
Бадел е во мнозинска сопственост на државата, која поседува 67,68% од основачкиот капитал во компанијата.