Српската национална авиокомпанија Air Serbia на своите меѓународни линии бесплатно превезува помош за Србија, отвори сметка за помош на загрозените од поплавите и постави кутии за собирање помош на белградскиот аеродром Никола Тесла, јавува Танјуг.
Air Serbia, во соработка со Министерството за надворешни работи и српските амбасади и конзулати во странство, врши бесплатен превоз на донирана помош на своите редовни и карго линии.
Компанијата до сега превезла 5,5 тони помош од Стокхолм и 1,5 тони од Лондон. Букиран е превоз и од Истанбул, Абу Даби и Франкфурт.
Сите патници кои поради настанатата ситуација мораа да откажат или да променат резервација, тоа можат да го направат без никаква дополнителна наплата, велат од компанијата.