Почна изградбата на новиот патнички терминал на Плесо, TAV дел од конзорциумот

42

pleso

Почна изградбата на новиот патнички терминал на Аеродром Загреб. Вкупната вредност на проектот е 240 милиони евра, а терминалот би требало да е готов до крајот на 2016 година. Проектот е реализиран во вид на јавно-приватно партнерство меѓу Република Хрватска и конзорциумот ZAIC, во кој влегуваат Aéroports de Paris Management, Bouygues Bâtiment International, турски TAV Airports, Viadukt, Marguerite фонд и IFC.

“TAV е горд што е дел од овој високо квалитетен конзорциум”, изјави претседателот на турската компанија за весникот Хуријет.

Новата патничка зграда на загрепскиот аеродром Плесо ќе има осум aвиомостови, а капацитетот на новиот терминал, со површина од 65.000 метри квадратни, ќе биде пет милиони патници годишно.

Францускиот конзорциум ZAIC доби 30 годишна концесија на Плесо, а договорот го потпиша во април 2012 година.