Со комплименти до подобри резултати

64

palci-pixabay

Фото: Pixabay

Како да им покажете на вашите вработени дека се грижите за нив? Слободно упатете им некој убав збор. Истражувањата покажуваат дека комплиментите навистина влијаат на ефикасноста на работењето.

Поттикнете го личниот развој

Развивањето и негувањето на талентот кај секого буди позитивни емоции. Со тоа луѓето се чувствуваат инспирирани, расположени за работа и што е најважно, полни со елан. Имајте на ум дека вложувањето во луѓето секогаш дава подобри резулатати од вложувањето во било каква технологија.

Чувство на припадност

Да се биде дел од силна заедница е исто така многу важно. Секој вработен сака да биде горд на своето работно место. Затоа менаџерите треба да создадат таква работна атмосфера каде што вработениот ќе се идентификува со филозофијата на компанијата. Работното место треба да биде квалитетно, да ги нуди сите важни содржини. Позитивните вибрации во канцеларијата, позитивно влијаат на работата.

Праведност

Секој вработен е подеднакво важен и дава свој конкретен придонес за компанијата. Почитувањето е силна мотивација за вработените. Ако вработните се мотивирани, доаѓањето на работа ќе им претставува задоволство. Сепак треба да внимавате на една работа, не се сите вработени исти. Некои работат добро под притисок, други сакаат поголема слобода, трети се поттикнати кога работат во тим… Најдобро е за секоја категорија да се пронајде тоа што ги мотивира. Секој работник е свесен за своите добри страни, затоа менаџерите треба паметно да ги искористат нивните таленти, а притоа да останат праведни.