Крстиќ: Србија нема услови за формирање на развојна банка

49

pari

Српскиот министер за финансии, Лазар Крстиќ, вчера изјави дека нема услови за формирање на развојна банка.

“Државата кај нас не е добар претприемач. Неопходно е да се исполнат одредени предуслови на кои ќе работиме, а до тогаш не ни треба уште една развојна банка каква што имавме во банкарскиот систем, во кој, за жал, видовме како се покажаа државните банки”, изјави Крстиќ, пренесуваат српските медиуми.

Според министерот, за формирање на развојна банка би можело да се зборува во случај кога “фискално ќе се доведат во ред” и Србија да има странски и домашни инвеститори кои ќе ја придвижат економијата.