Британија го гради првото вештачко езеро за сурфање

surfa

Проектот за изградбата на првото вештачко езеро за сурфање во планинскиот регион на северен Велс доби зелено светло, пишува BBC.

Со површина три пати поголема од фудбалско игралиште, ова вештачко езеро за сурфање ќе биде прво од ваков тип во светот.

Технологијата, преку која само со притискање на едно копче се создаваат бранови и над три метри, се развиваше десетина години, а главната цел е сурфањето да стане олимписка дисциплина.

surfa ezero“Многу е интересно, дури и поинтересно одошто мислев. Посебно поради начинот на кој се формираат брановите и силата што ја има. Ова ќе значи голема промена за овој спорт и од аспект на тренери и од аспект на самите сурфери. Ние во Велика Британија навистина имаме среќа“, вели Лојд Кол, тренер по сурфање.

Инженерот кој стои зад овој проект, Алекс Онатибиа, вели дека само со едно копче може да се контролира целата процедура.

“Ги имаме сите параметри што се потребни за контрола на целата машинерија. Може да ја видите висината, обликот, брзината и температурата на брановите“, вели тој.

Прототипот на ова вештачко езеро е изграден во близина на шпанскиот град Сан Себастијан.