Skype ќе воведе превод во “реално време“

48

Skype-Android-tablet

Skype ќе преведува во скоро реално време. Оваа нова функција ја претстави извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела и најави дека во текот на годината ќе биде достапна и за Windows 8.

„Ова беше сон на секој човек и конечно се руши јазичната бариера“, изјави Надела, пренесува BBC.

Преведувачот ќе работи на начин што кога едно лице зборува, програмата автоматски ги препознава зборовите и ги претвора во текст. Потоа програмата го преведува текстот на јазикот на другото лице и го пренесува тоа гласовно. Преводот не е во реално време, бидејќи за овој процес е потребно малку време, но е многу брз. Како што објаснуваат од компанијата, додека едно лице говори, другото лице го слуша неговиот глас, но пригушено, а за тоа време преведувачот започнува да ги преведува изговорените зборови. Програмата, исто така ја доловува смеата, моментите на тишина… Должината на времето потребно за превод зависи од должината на речениците или фразите.

Skype, кој е во сопственост на Microsoft, со преведувачот сака да им овозможи полесна комуникацијата на своите 300 милиони активни членови и истовремено да придобие повеќе корисници.

Од компанијата не кажуваат дали услугата ќе биде бесплатна за корисниците.