Светски познатата компанија за електронска трговија Амазон го олеснува своето работење и наместо луѓе, во своите магацини распоредува роботи.
Во овој момент Амазон има три целосно роботизирани продавници, каде што околу 1.000 мали роботи на Kiva Systems превезуваат најразлични предмети.
Џеф Безос, основачот на Амазон, истакна дека бројот на тие роботи до крајот на годината ќе може да се зголеми 100 пати, што е доволно да се опслужи целокупната логистика на компанијата.
Оваа компанија во 2012 година ја купи Kiva Systems, фирма која произведува автоматизирани роботи кои без контрола на луѓето можат да пренесуваат и да организираат предмети во големи магацински простории.
Безос тврди дека засега ниту едно работно место нема да биде затворено поради роботизираната работна сила, но Амазон чекор по чекор се приближува кон целосна автоматизација на работните процеси, што ја наметнува потребата од минимизирање на бројот на вработени.