Црна Гора во втората половина на јуни ќе биде вклучена во PayPal системот, неофицијално потврдиле од Централната банка и министерството за финансии за агенцијата Мина, пренесува Вијести.
“Очекувам во наредните денови тоа да можат да го потврдат и надлежните државни институции, односно ресорните министерства, кои исто така се во комуникација со претставници на PayPal”, вели директорот на ИТ секторот на Централната банка на Црна Гора, Дејан Абазовиќ.
Во случај на евентуално одложување, Абазовиќ смета дека Црна Гора ќе биде вклучена во системот во првата половина на јули. Преку овој систем ќе биде овозможено само плаќање, односно функцијата sent.
PayPal е водечка компанија за онлајн плаќање и праќање пари. Основана е во декември 1998 година, има преку 100 милиони активни регистрирани сметки и достапна е на 190 пазари. PayPal поддржува плаќање во 25 валути.