Компанијата Бока група, која кај Тиват гради голф – комплекс, започна со подготовки за изградба на ски – ресорт на Бјеласица во Црна Гора. Комплексот наречен Бока ски Колашин 1450 ќе опфаќа пет хотели, осум апартмански згради, 45 станбени единици, открива за еКапија основачот и извршниот директор на компанијата, Џон Кенеди, пренесува РТЦГ.
Ова ќе биде прв ски – ресорт во Црна Гора, а со работа на терен, според Кенеди, треба да се почне многу брзо. Ресортот Бока ски Колашин ќе биде изграден во алпски стил, со акцент на традиционалниот црногорски дизајн. Ресортот ќе се гради практично покрај скијачката патека.
Освен градењето на овој ресорт, туристичката понуда во скијалиштето Колашин ќе биде унапредено со нова ски мрежа, нови жичници и патеки. Во план е да се градат и спа центар, ресторани, барови, кафулиња и малопродажни објекти, за што владата на Црна Гора наскоро ќе објави тендер.