Наскоро конкурс за продажба на Нишка пивара

56

nisko

Стечајниот управник на Нишка пивара, Љубомир Костиќ, изјави дека наскоро треба да биде распишан конкурс за продажба на производните капацитети на ова претпријатие, пишува Пресс онлајн.

Неодамна е распишан конкурс за продажба на имотот, кој не е директно поврзан со производството на пиво. На купувачите ќе им биде понуден имот кој претставува производна целина, за да можат да продолжат со производството на пиво. Костиќ додава дека веќе постојат заинтересирани за купување на производните капацитети на пиварата.

Стечајот на Нишка пивара во март годинава заврши со банкрот наместо со реорганизација. Долгот на фирмата е 4,32 милиони евра, а вредноста и е проценета на околу три милиони евра.