Огромни количини пластика “заробени“ во арктичките глечери

61

mraz arktik

Топењето на арктичките глечери може да ослободи вистинска лавина од пластика во океанот во следните десет години, пренесува Croenergo.eu.

Според најновиот извештај објавен во магазинот Eaths’s future, постои огромна количина заробена пластика во мразот, а се проценува дека би можела да биде двојно поголема од пластиката што со години лебди на Тихиот океан. Како што се топи мразот, така заробената пластика влегува во ланецот на исхрана на морскиот свет, со што претставува директна закана за неговиот живот, а од друга страна предизвикува и огромна штета за целиот еколошки систем.

plastika

Научниците со направените анализи открија огромна количина на ѓубре што е заробено во глечерите и се движи од 38 до 234 парчиња на кубен метар мраз. Поголемиот дел од пластичниот отпад се формира од микрочестички кои настануваат од декомпозиција на пластиката и лесно се хомогенизираат со мразот во кој што остануваат додека не се стопи.

Научниците очекуваат дека во следните десет години ќе се стопат околу 2.000 милијарди кубни метри арктички мраз, што значи и ослободување на огромни количини пластика. Ова не значи само загадување на водите, туку сериозно ќе влијае и на флората и фауната, а на крајот ќе има огромни последици и за луѓето.