Филип Цептер ја продава јахтата за 19 милиони евра

164

cepter 1

Српскиот милијардер Милан Јанковиќ, познат како Филип Цептер, одлучи да ја продаде својата јахта joyMe. За неа бара 19 милиони евра, пишува Б92.

Јахтата е долга 50 метри, широка 9,2 метри, има капацитет за 12 гости во шест луксузни кабини со клима, а на неа има место и за 11 членови на екипаж во посебно одвоен простор.

Во долната палуба има теретана, сауна и спа. На посебна палуба за сончање има и џакузи. На јахтата има домашно кино, одлично опремена кујна и неколку барови. Тука се и големиот моторен чамец и џет – ски.

Јахтата достигнува брзина од 15 наутички милји, а во резервоарот собира 60.000 литри гориво.

Јахтата е правена по нарачка во бродоградилиштето Краљевица кај Риека. Цептер прв пат ја претстави на изложба во Монако во 2011 година и тогаш е кажано дека вреди 30 милиони евра.

cepter 5

cepter 2

cepter 3

cepter 4