За купување на Телеком Словеније, по истекувањето на крајниот рок, пристигнаа необврзувачки понуди од голем број водечки стратешки и финансиски инвеститори, објави државниот фонд СОД. Фондот не го наведува бројот на понудувачи, ниту нивните имиња.
Во втората фаза на продажната постапка ќе бидат повикани оние инвеститори кои предале економски најдобра понуда и кои се финансиски и правно подготвени да конкурираат за преземање на оваа словенечка компанија. Повикот ќе го добијат до крајот на оваа недела.
Претходно словенечките медиуми пишуваа дека освен Deutsche Telekom, меѓу заинтересираните се и турски Turkcell, руски MTS, португалски оператор, како и повеќе финансиски фондови.
Фаворит во овој процес е Deutsche Telekom. Но, како што дознава Пословни дневник, Хрватски телеком останува во игра, само индиректно. DT наводно смета на ХТ како логистичка, а потенцијално и како оперативна поддршка за преземање на словенечкиот телеком. Со други зборови, формално купувач би бил DT, а оперативно во таа операција голем ангажман ќе има ХТ. Од ХТ немаат коментар за Пословни.
На продажба е ставен пакет од 4,75 милиони акции или 72,75% од вкупниот број на акции на Телеком Словеније, кои се во сопственост на државата, Капиталска дружба (КАД) и осигурителните куќи Триглав и Позаваровалница Сава. Се шпекулира дека цената на телекомот би можела да достигне до една милијарда евра.
Словенечката влада и СОД во процесот на приватизација ги советува Citigroup, додека DT за советник ги најми JP Morgan Chase и Barclays.