Трговците кои се занимаваат со текстил нудат нов тренд во машката облека – костум со кратки панталони. Костумот во горниот дел изгледа сосема нормално, формално и отмено, но она што е ново е долниот дел, односно панталоните, чија должина е до колената.
J Crew, Topman, Asos и Barneys се дел од бутиците кои во својот производен асортиман нудат костуми со кратки панталони. Оваа нова мода може да се третира како реплика на модната икона Фарел Вилијамс, кој на доделувањето на Academy Awards се појави во таков костум.
J Crew нуди четири видови на костуми со кратки панталони чија цена е околу 400 долари.
“Сакавме да направиме костум со кратки панталони веќе долго време, но она што го потенцираме цело време е добриот изглед“, пишува на еден од костумите.
Ваков костум во бутиците на Topman се продава по цена од 390 долари.
“За современа и стилска фигура, нашите костуми ја следат линијата на телото“, стои во објаснувањето на костумите во бутиците.
Вакви костуми во продажниот асортиман на Asos можат да се најдат по цена од 409 долари.